All for Joomla All for Webmasters

ИСТОРИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Компанијата Тушевски е еден од водечките производители на чевли во Република Македонија. Таа произведува детски, женски и машки чевли и чизми за познат германски бренд. Капацитетот на компанијата е 200.000 пара чевли годишно, односно 700 пара чевли дневно, како за домашниот, така и на странскиот пазар.
Фирмата е основана во 1991 година во Куманово со производство на рачно изработени чевли од кожа. Во август 1998та година, компанијата се преселува во фабрички објект од 2.500 квадратни метри. Од тогаш Тушевски своето производството го наменува исклучиво за извоз. Веднаш по преместувањето, во 1998та година е направен првиот меѓународен извоз и набргу потоа и првите  меѓународни договори со партнери од Германија и Италија.
Денес, Тушевски се наоѓа во една од водечките позиции во секторот за производство на чевли во Македонија и на Балканот, со свој лиценциран бренд. Фирмата не само што нуди исклучителен квалитет на производство и испорака на време, исто така, и креативност во знаење и иновативна технологија за задоволување на потребите на уникатените побарувања  на нашите клиенти.

 

Компанијата Тушевски има докажан успех на домашниот, регионалниот и Европскиот пазар на производство на чевли со своја колекција на кожни чевли и водоотпорни чизми.
Нашата компанија има остварено силна и долгорочна соработка со меѓународни познати брендови на чевли од Италија и Германија како што се TRETAL, ZEN, GRISPORT, DAUMLING и други. Денес, нашата компанија вработува над 200 луѓе и е меѓу најголемите работодавачи во Куманово.


НАШАТА МИСИЈА
Нашата мисија е да изградиме силен однос на доверба помеѓу нас и нашите клиенти, во рамките на  меѓународната трговија на чевларското производство. Компанијата Тушевски е реномирана компанија од Македонија со меѓународен углед, која постојано работи на развивање на своите производстевни капацитети, усвојување на нови технолошки процеси, се со цел да се постојано подобрува квалитетот на производството и да ја зголемиме ефикасноста и продуктивноста на спрема потребите на пазарот.

НАШАТА ВИЗИЈА
Компанијата Тушевски непрестано работи на градење на доверба на нашите клиенти и нивните очекувања, на највисоко ниво со постојано подобрување на квалитетот на производите и услугите. Нашата визија е да останеме почитувана компанија од доверба за нашите клиенти, преку зголемување на извозот на Европскиот и меѓународниот пазар.
aquaproof color

unlock

Врвен Квалитет

Производи направени од кожа

call

Контактирајте не

+389 31 427 707

free

Испорака до Дома

Бесплатна испорака над 3000ден.

Тушевски

aquaproof coloricon_home11-ти Октомври бр. 93 Куманово, Македонија

icon_call+389 31 427 707

icon_mailSend mail via our Contact us